Вести Македонија Најважни

Филипче воздржан пред онлајн средбата со Ковакс механизмот за вакцинација при СЗО

Аплициравме за 800 илјади вакцини но колку ќе добиеме одговорот ќе се знае по денешната онлајн средба на министерот за здравство Венко Филипче со претсавници на Ковакс механизмот на светската здравствена организација. Додека го чека повикот од САД, Филипче воздржан дали земјата ќе ја добие бројката за која аплицираше на почетокот на годината.  Додека Европа и регионот итааат кон имунизација на населението или пак почнаа, па застанаа здравствениот врв размислува и за други опции. Руска или кинеска вакцина, Филипче не ја исклучува можноста земјата да се снаоѓа доколку добиеме негативен одговор од Ковакс Маханизмот на СЗО.

Здравствениот врв од Ковакс побара 800,000 дози  за 20 отсто од населението или 400, 000 граѓани во три групи да добијат повторена вакцинација, според системот на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам. Додека се чекаат вакцини, ладилниците кои пристигаат за чување на вакцина зјаат празни.

По, ветувањата од Бугарија, и соседна Србија најави испорака на 8000 вакцини. Пратениците дадоа зелено светло за законските измени и можноста за регистрациија на вакцините а токму оваа регистрација ќе може да го трасира патот за влез на кинеската вкацина против корона вирусот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе