Вести Македонија

Матурантите утре ќе одлучат дали ќе продолжат со бојкот

Сојузот на средношколци денес го завршува бојкотот на наставата, за следните чекори како и на кој начин ќе го продолжат ќе одлучуваат утре.Во меѓувреме тие до Собранието и пратениците ги доставија барањата за поддршка, да полагаат два наместо предвидените четири предмети. Сојузот  на средношколци смета дека барањата се целосно разумни и изводливи, вели Ходаи.

Ние испративме писмо со три барања до директните претставници на граѓаните, до пратениците. Првото барање е дека сакаме јавна поддршка за нашите барања. Пратениците да го повикаат МОН да ги исполни истите барања што ние ги предложивме. Второто барање е влијанието на пратениците како државни службеници за МОН конечно да се вразуми и третото барање доколку МОН не покаже добра волја и продолжи со безобзиорниот однос кој го има во овие последни денови пратениците да предложат донесување на законско решение кое ќе ги вклучи нашите две барања само за оваа учебна година, односно само за оваа генерација матуранти.

Министерството за образование и наука има обврска да обезбеди полагање на државната матура според Законот којшто во моментов е на сила, велат од МОН. Концепцијата за полагање на држаната матура е донесена уште на почетокот на учебната година, матурантите, Сојузот на средношколци, Гласот на средношколците, како и наставниците и родителите навреме беа информирани по која концепција ќе се одржи полагањето, се вели во дописот на надлежното министерство.

Не смееме да го ускратиме правото на матурантите да го полагаат матурскиот испит којшто е услов за запишување на факултетите во земјата и странство. Матурата е заокружување на едно ниво на образование. Учениците коишто не планираат да продолжат на факултет, имаат избор да полагаат само училишна матура и стручен испит. Полагање на матура уредно пријавија над 14.000 ученици и ние како надлежно минстерство сме должни да ја организираме.

Средношколците кои веќе седум дена ја бојкотираа наставата барат Министерството за образование и наука да го намали бројот на предмети кои треба да ги полагаат во државната матура – наместо четири предмети да полагаат два  и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот. Бараат МОН и Државниот испитен центар во март 2021 да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе