Вести Македонија Најважни

ДЗС на средба со државниот врв за спроведување на пописот

Државниот завод за статистика ќе побара логистичка поддршка од општините за одржување на пописот, вели директорот на оваа институција. Методологијата за пописот е готова, а во среда ќе ја разгледа советот за статистика. Директорот Симовски не очекува политички бојкот на пописот, бидејќи за него ова е статистичка операција. Во случај да се влоши ситуацијата со пандемијата вели дека пописот сепак ќе се одржи, но ќе бидат во секојдневна комуникација со здравствените власти.

Претседателот Стево Пендаровски, на состанокот организиран од Државниот завод за статистика околу пописот, порача дека по консултациите што ги направил со експерти е убеден дека самото законско решение не е пречка да се одржи успешно пописот.

-Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста со повици за бојкот ако резултатите не отсликуваат нечија замислена бројка. Тие не доаѓаат од една страна и се рефлексија на стравот од резултатите, што пак произлегува од концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. Затоа, кога се пребројуваме во регионот се уште веруваме дека силата е во бројките и дека само така ги остваруваме правата. Но, човековите права не се привилегии што можат да се одземат или изгубат во зависност од нечија одлука или волја и тие не зависат од бројката. Во демократска  држава со европска иднина стекнатите права не сметат да се одземаат туку само да се зголемуваат.

Ако постои една работа што треба да не исплаши, тоа е таа на иселени граѓани,на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата во потрага за подобра иднина. А, се иселуваат од секоја етничка и верска припадност, и од сите општини и градови. Тоа се чувствува најмногу на локално ниво и вие како градоначалници сигурно познавате ваши сограѓани кои купиле карта за еден правец. Пописот ќе не соочи со стравот колку всушност сме малку. Место да се обвинуваме кој колку придонел за тоа, треба да бараме заеднички решениеја за намалување на иселувањето, рече пендаровски пред премиерот Зоран Заев, спикерот на Парламентот Талат Џафери и градоначалниците.

Тој ги повика нив како и сите политички фактори да им помогнат на институциите подобро да си ја завршат својата служба во интерес на граѓаните.

Премиерот Заев рече дека пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција според стандардите на ОН и Евростат, за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање. Според него, тој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата и ќе ги исправи последиците од огромната недозволива пауза од 20 години од последниот релевантен попис. Тој притоа ја нарече нова неодговорна постапка најавата за бојкот на пописот од страна на опозицијата, порачувајќи дека тоа е најлошата можна одлука на некој политички субјект која, освен што е правно неодржлива, туку носи и штета на државата и значи отсуство на елементарна свест дека без попис не можеме да планираме каков било развој од економски и друг аспект.

-Кому му одговара да имаме иднина планирана врз основа на податоци стари 20 години?- запраша премиерот додавајќи дека никој не сака да инвестира во ваква земја која не може да обезбеди ни елементарни точни податоци. Притоа, ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на оваа одговорна статистичка операција и да ја исполни својата одговорна улога во државата. Ги повика и градоначалниците да го поддржат пописот бидејќи на државата и требаат сите податоци што можат да се добијат со него, а не само етничката припадност, и од нив да се види развојот или стагнацијата на едно општество. Важно е, прецизираше Заев, да се утврди точниот број на населението во земјата, и не само вкупниот, туку и на тоа на локално ниво, по регион. Пописот ќе ни каже колку од зградите во кои живееме се енергетски ефикасни, колку се грејат на струја, колку на парно, колку имаат пристап за лица со попреченост …Овие податоци живот значат, порача Зав.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе