Македонија ќе добие нов селектор.РФМ се одлучи да ја прекине соработката со досегашниот предводник на сениорите, Данило Брестовац кој ја водеше нашата селекција на Светското првенство во Египет каде настапивме од улога на прва резерва после повлекувањето на Чешка.Билансот од пет порази,два исклучително високи и само една победа против аутсајдерот Чиле, не ги задоволи критериумите на Федерацијата.Притисокот врз Брестовац се чувствуваше уште по ЕП во Австрија во јануари 2020 година .Македонија не успеа да влезе во главната фаза и заврши на 15 позиција,што ги искомпликува условите за место на СП во Египет.
Претходно,Данило Брестовац одлично ги заврши квалификациите откако во месец јуни 2019 ја презеде командата.Македонија заврши прва во групата ,но има и добри шанси за место на ЕП во 2022 после првите две кола, триумфот против Финска во Скопје и победа на гости во Швајцарија.