Вести Свет

И Астра Зенека ќе доцни со испорака на вакцините за ЕУ

Покрај компанијата Фајзер, уште еден производител на вакцини против ковид најави доцнење во испораката на вакцините за ЕУ. Од Астра Зенека соопштија дека нема да можат навреме да ги достават бараните количини, поради проблеми во производството. Неофицијално, испораките ќе бидат намалени за 60%. „АстраЗенека“ требаше да испорача 80 милиони дози на 27 земји членки на ЕУ до март, но сега се очекува таа бројка да биде 31 милион. Вакцината на „АстраЗенека“, развиена со Универзитетот Оксфорд, сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови, но се очекува зелено светло до крајот на месецов. Од ЕК изразија длабоко незадоволство во врска со оваа информација. Во своето соопштение до Астра Зенека инсистираат на прецизен план за испорака врз чија основа земјите-членки можат да ги испланираат своите кампањи за вакцинација, доколку вакцината добие дозвола за употреба. Минатата недела „Фајзер“ веќе најави доцнење во дистрибуцијата на своите вакцини наменети за ЕУ поради модификација на производствениот процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Во Тетово некои улици осветлени и дење, други со денови во темнина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе