Македонија Најважни

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 34 пациенти, вкупно се лекуваaт 286

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.

Вкупно 286 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 119 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе