Македонија Топ вести

Нова година со стари проблеми за антикорупционерите

Судска разрешница на случаите, човечкиот фактор, интегритетот на судиите и обвинителите и јавните набавки и годинава остануваат предизвик за Антикорупциската комисија.Невладините организации кои ја набљудуваа успешноста на оваа Комисија сугерираат дека, антикорупционерите не треба само да чекаат пријави од граѓани.Истражувањата покажуваат  дека само 11 проценти од случаите се покренати од Комисијата.

Антикорупционерите очекуваат годинава да си ги подобрат условите за работа со реновирање на просториите и набавка на софтвер за поврзување со другите институции, а планираат и нови 16 вработувања. Од владата и правосудството исто така се најавува зголемување на човечките ресурси за борба против корупцијата, но, невладините препорачуваат поинаква кадровска политика.

Најчести случаи на Комисијата и понатаму се злоупотребите со јавните набавки. Во половина од тендерите, имало корупција.  Затоа и бараат да се формира база со референтни цени, што би го спречило меѓусебното договарање на фирмите за намалување на цената. Продолжува и злоупотребата на обврската за пополнување на анкетни листови, особено од правосудните органи. Затоа, во годишниот план е проверката на имотната состојба на 15 судии, 15 градоначалници и 15 членови на владата.

Како дел од проблемите кои ја продлабочуваат недовербата во институциите, од невладините ги посочуваат и злоупотребите при градењето и урбанизацијата и  проблемите при вработување, како и ставањето на некомпетентни кадри на раководни места.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: „Ќе ја завршиме војната меѓу Русија и Украина“

Дејан Дејан

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе: 10 повредени, дел со тешки повреди

Дејан Дејан

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе