Македонија Топ вести

Гинекологот Асани негира лекарска грешка при породувањето на родилката од Дебар

Бев дел од тимот хирурзи и гинеколози, работата ја извршивме совесно, и сме задоволни што на пациентката и го спасивме животот,  вели во телефонски разговор за Телма, гинекологот Мухамед Асани кој е и директор на Струшката болница,  за обвинувањата на пациентка од Дебар дека после породување со царски рез во оваа здравстена установа, останала без матка, бубрег и јајник поради лекарска грешка.

Но, по овој случај, Слободен печат објави  поплаки од семејството Несимовски од Дебар, кои исто така го обвиниваат Асани за лекарска грешка.

Овој пат станува збор за двегодишно дете со церебрална парализа, кое наместо со цараски рез, било родено по природен пат, иако матичниот гинеколог кој ја упатил пациентката во струшката болница, констатирал дека папочната врвка кај плодот е обмотана околу вратот.

Адвокатот  на семејството во изјава за Телма најавува кривична пријава за Асани.

-Ние цениме дека апсолутно требало да се изврши породување преку царски рез затоа што биле во ризик живото и здравјето на плодот, што понатаму довело до катастофален исход, затоа што при спонтаното породување, новороденчето долго време останало без кислород во мозокот, имало асфиксија и  бил отсутен 45 минути плач. Новороденчето било родено биз никакви рефлекси и потоа како итен случај било препратено на Клиниките во Скопје, вели адвокатот Вулнет Пачуку.

За да се изготви кривичната пријава и да се направи вештачење  семејството од болницата ја бара целокупната документација за случајот, но се уште немаат одговор на ваквото  барање.

-Беше побарана документација од болницата, но не е одгворено од старана на болницата, што уште повеќе ја подгрева сомнежи дека се кријат докази кои што може да одат на штета на утврдување на лекарска грешка, вели Пачуку.

За првиот случај во кои родилка од Дебар по компликации при породувањето во струшката болница  остана без матка, бубрег и јајник, Државнито здравствен и санитарен инспекторат вчера  започна стручен надзор во куќата на  Асани. Од инспектората потврдуваат дека со асистенција на полицијата влегле во објектот, но не откриваат повеќе детели. Ниту Асани не сакаше да зборува пред камера.

-Директорот на струшката болница и гинеколог Мухамед Асани, одби да даде изјава за двата случаи во кои пациентки го обвинуваат за лекарска грешка. Вели ќе чека да се произнесе лекарскаат комора, по што тој јавно ќе зборува.

Сепак, Асан, во телефонскиот разговор за Телма вели дека медимите отишле предалеку, а тој ќе покрене тужба за клевета против сите кои што го објавиле неговото име и презиме во овие случаи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе