Спорт

НХЛ тимовите ќе загубат милијарда долари

Со мечот меѓу Филаделфија и Питсбург стартува новата, скратена сезона во Американско-канадската професионална хокеарска лига.

Тимовите во ова издание наместо стандардните 82 натпревари ќе одиграат 56 додека разигрувањето за титулата се очекува да се игра во стандардниот формат во кој ќе партиципираат 16 тима.

Според процените ваквото скратено издание на лигата на тимовите ќе им донесе загуба од една милијарда долари, а на негативното салдо дополнително ќе влијае фактот што мечевите ќе се играат без или пред ограничен број на гледачи.

“Свесни сме дека одигрувањето на сезоната ќе донесе големи загуби, но и покрај сите проблеми се договоривме лигата сепак да се одржи. НХЛ мора да продолжи да функционира и тоа е многу важно за овој спорт. Точно е дека на сите ни е полесно да се затвориме и да не играме бидејќи така загубите ќе бидат помали, но тоа не е добро за хокејот, тоа е лошо за ова натпреварување”, изјави комесарот на НХЛ, Гери Бетмен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе