Одбојка Спорт

Милев: Ја оправдавме фаворитската улога, подобро издание против Турција

Потешко од очекувањата македонската одбојкарска репрезентација за забележа првата победа на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство.

Сепак и покрај сите проблеми најважно е што успеавме да ги освоиме првите бодови против селекцијата на Босна и Херцеговина и сега во продолжението од турнирот можеме да влеземе со помал притисок, а избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ветуваат дека во следниот меч со Турција ќе играме на далеку повисоко ниво.

“Најтешко е кога треба да се оправда улогата на фаворит. Селекцијата на Босна и Херцеговина во овој меч влезе без поголем притисок и немаше што да загуби. Тешко е да се игра против вакви репрезентации, свесни бевме дека нема да биде лесно и најважно што успеавме да ја забележиме првата победа. Јасно ни е на сите дека против Босна и Херцеговина не го одигравме нашиот најдобар натпревар, но знаеме дека можеме да играме на повисоко ниво и тоа ќе го покажеме на следниот дуел против Турција в четврток”, истакна Владо Милев.

На турнирот во Скопје денеска Турција од 18 часот се среќава со Босна и Херцеговина, а утре во истиот термин во ВИП арената Борис Трајковски, Македонија ќе игра против директниот конкурент за првата позиција, Турција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе