Вести Македонија Најважни

Никој од надлежните не чувствува вина што Охрид ќе се најде на листата на загрозени подрачја

И покрај критиките во Извештајот на УНЕСКО – никој од надлежните не чувствува вина што Охрид и Охридското езеро најверојатно ќе завршат на листата на загрозено светски вредности. Извештајот со над 100 страници во кој се нотирани сите старо-нови забелешки за се што не е исполнето од препораките – стигна до институциите. Но, тие не го коментираат додека не биде конечен. Други се фалат дека направиле се за задржување на статусот на Охрид на заштитено светско наследство. Трети пак топката ја префрлаат во туѓиот двор.

Така струшкиот градоначаланик Рамиз Мерко се уште не гледа дивоградби на струшкото крајбрежје. Вели ингеренциите уште во 2018 година ги префрлил на Владата, но тие не ги прифатиле.

Па немаме диви градби, немаме тврди градби да речам или кои навистина го загрозуваат Охрид или го загрозуваат крајбрежјето на охридското езеро, вели струшкиот градоначалник рамиз мерко.

 

Не треба да се споредува или да се стави во еден кош Струга и Охрид. Охрид има свои специфики и треба тие сами да го чистат својот двор. Не ние да им чистиме од Струга. Или критикувај го Струга за да се спаси Охрид. Не треба вака да се однесуваме. Струга има друга специфика. Во Охрид се градени сто хотели покрај езеро. Цел синдикални е во езеро,цело Пештани е во езеро, цел лагадин е во езеро, не зборуваме, Ние што имаме, една радожда ја имаме во езеро – вели Мерко.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески соопшти дека 18 месеци бил посветен на имплементирање на препораките на УНЕСКО. Ги наброја сите проекти кои биле направени за зачувување на статусот на заштитено светско природно и културно наследство.

Согласно препораките кои беа во надлежност на Општина Охрид, беше изготвен инвентар на бесправно изградени објекти и беше воведен времен мораториум за градба на целата територија на општината. За прв пат, по 17 години беа спроведни низа активности за отстранување на бесправни градби во делот на крајбрежниот потег и на неколку други локации. – соопшти општина Охрид.

И додека УНЕСКО критикува за се што не е направено од претходните препораки, и дека се продолжува да се прави она што не треба, за утре е закажан состанок на Комисијата во која покрај тројцата градоначалници, свој член имаат и сите останати надлежни институции. Од транспорт велат – на средбата ќе се разговара за статусот и акцискиот план за дивоизградените објекти во  Охрид, Струга и Дебарца.

Во однос на “инвентарот” за дивоизградени објекти на ниво на општини, до сега извештаи се доставени од општина Охрид и Дебарца но истите не се комплетни. Општина Струга нема доставено извештај со дивоизградни објекти. – велат од транспорт.

Невладините се децидни – бараат одговорност од надлежните.

Главните забелешки и во овој извештај на УНЕСКО се неконтролираната урбанизација, несправувањето со дивоградбите, нефункционалниот колектор, немањето на депонија за цврст отпад. Критики има и за несоодветната конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти. На листата со препораки под итно се бара  отстранување на дивоградбите од крајбрежниот појас на Езерото и воведување вистински мораториум на градење. Дури се оспорува и проектот за реконструкција на Кејот „Македонија“ во Охрид за кој Владата неодамна обезбеди пари за Општината со пренамената на средствата предвидени за карго-аеродромот во Штип.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе