Одбојка Спорт

Одбојкарите во поход кон нов настап на ЕП

Македонската машка одбојкарска репрезентација од денеска ги почнува квалификациите за пласман на Европското првенство.

Нашата селекција е во група со Босна и Херцеговина и Турција, а сите мечеви по откажувањето на Данска ќе се играат во Скопје во ВИП арената Борис Трајковски.

Во првиот дуел попладнево од 18 часот ќе се соочиме со селекцијата на Босна и Херцеговина, а в среда во истиот термин со дуелот против Турција ќе го комплетираме првиот круг на турнирот.

На 14 јануари ќе го одиграме вториот меч со Босна и Херцеговина, а в сабота во последното коло повторно противник ни е Турција.

Пласман во завршницата на континенталниот шампионат обезбедуваат победниците во секоја од квалификациските групи, а место има и петте најдобри од шесте конкуренции кои ќе ја освојат втората позиција.

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе