Одбојка Спорт

Милев: Да ја оправдаме фаворитската улога против БиХ

Најдобрите македонски одбојкари се подготвени за новиот предизвик, настап на квалификацискиот турнир во Скопје и обид нашата селекција повторно да биде дел од едно големо натпреварување.

На патот кон уште еден голем успех ни се селекциите на Босна и Херцеговина и Турција, а пласман во завршницата преку овој турнир обезбедува победникот додека второпласираниот ќе чека разврска во останатите групи бидејќи има место за најдобрите пет од вкупно шест конкуренции.

“Барем на хартија селекцијата на Босна и Херцеговина е послаб противник, но тоа не значи дека на теренот ќе биде лесно. На секој натпревар треба да играме најдобро што можеме и да ја реализираме нашата цел, а тоа е пласман на Европското првенство. Што се однесува до селекцијата на Турција, таа ние добро познат противник. Со нив игравме на последниот континентален шампионат, за жал тогаш не одигравме во рамките на нашите можности, но сега мислам дека на домашен терен имаме шанса да покажеме дека не сме го кажале последниот збор. Нашата цел е јасна, пласман на Европскиот шампионат и сметам дека сме подготвени за овој предизвик”, изјави Милев пред почетокот на турнирот во Скопје.

Мечот со селекцијата на Босна и Херцеговина се игра вечерва од 18 часот во ВИП арената Борис Трајковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе