Насер Ал Атија триумфираше на осмата етапа од релито Дакар што се возеше од Сакака до Неом во должина од 709 километри.
Катарскиот натпреварувач на целта пристигна со 52 секунди подобар резултат од Карлос Саинз додека најголемиот конкурент за првата позиција Стефан Петерхансел го освои третото место со заостанување од 3 минути и 3 секунди.
Французинот и натаму е на чело во генералниот пласман 4 минути и 50 секунди подобро вкупно време во однос на Ал Атија додека Саинз останува на третата позиција со огромно заостанување од 38 минути и 55 секунди.
Во конкуренција на мотоциклисти етапна победа за Чилеанецот, Хозе Игнасио Корнехо. Тоби Прајс задоцни минута и пет секунди, а денешната делница како трет ја мина Рики Брабец.
Корнехо ја задржа лидерската позиција во генералниот пласман со 66 секунди подобар резултат од Прајс, а Британецот, Сем Сандерленд е трет со заостанување од скоро шест минути.
Утре на програмата е деветтата етапа во која стартот и целта се во Неом, а должината е 579 километри.
