Вести Свет Топ вести

1.500 луѓе заглавени во автомобилите завеани од снежната бура во Шпанија

Шпанската Влада ќе испрати вакцини против Ковид-19 и помош во храна во областа изолирана од снежното невреме „Филомена“, што предизвика невидени врнежи од снег во централна Шпанија, а четири лица загинаа во близина на Мадрид.

Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Главниот аеродром во Мадрид сигурно ќе биде затворен до попладнево, а околу 20.000 километри патна мрежа се покриени со снег и сообраќајот е отежнат.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.

Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Починаа седум лица со попреченост поради скратените часови за лична асистенција, велат од Коалицијата „Менуваме“

Sasko Dimovski

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Сè уште немаме добиено пари од државата за здравствена заштита на животните, реагираат ветеринарните друштва – АХВ во финансиски проблеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе