Вести Македонија Топ вести

Триста тони отпад од пожарот во „Глобал“

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска продолжија со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Завчера и денеска до пладне се исфрлени околу триста тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници.

Според Бранко Ѓоргиев од „Комуналец“, околу 60 отсто од вкупниот отпад и опожарен материјал веќе е исчистен.

-Денеска почнавме со расчистување и на остатоците од пожарот од првиот спрат, а претпладнето ги изнесовме остатоците од неопожарениот дел каде претежно имаше зеленчук и овошје, кои се неупотребливи. Работиме според планираната динамика и се надевам дека до средината на идната недела ќе завршиме со чистењето за да може да почне санирањето и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот, рече Ѓоргиев.

Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за палење на дипломатските возила ќе одговара за „Загрозување на лица под меѓународна заштита“

Дејан Дејан

Валентина Тодороска: Ако продолжи фрлањето отпад во Охридското езеро ќе го загубиме подводното културно наследство

Дејан Дејан

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе