Спорт Фудбал

Покетино потпиша 18-месечен договор со ПСЖ

Маурисо Покетино од денеска и официјално е нов тренер на ПСЖ. Аргентинецот седнува на клупата на „Паркот на принцовите“ на местото на отпуштениот Томас Тухел.

По една година пауза и отказот од Тотнем, Покетино `и се враќа на тренерската работа. Потпиша 18-месечен договор со францускиот шампион со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Првиот тренинг со тимот, Аргентинецот ќе го има утре, а ќе биде на клупата и на дуелот против Сент Етијен на 6.јануари во рамки на Лига 1.

Покетино се враќа во Париз  по подолго време, бидејќи како фудбалер две сезони го носеше дресот на „светците“, од 2001 до 2003 година. ПСЖ ќе биде негов четврти тренерски ангажман, откако пет години го водеше Тотнем, а претходно работеше во Саутемптон и Еспањол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе