Спорт

Драстични казни за нелегално емитување на преносот од мечот Џошуа – Пулев

Асоцијацијата за заштита на интелектуалната сопственост FACT предупреди дека ќе побара драстични казни за сите оние кои преку социјалните мрежи нелегално го емитувале преносот од бокс мечот меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев.

Според FACT на стотици профили на Facebook  се емитувал преносот со што се прекршени правата за интелектуална сопственост, а во досегашниот тек од истрагата откриено е дека мечот можел да се следи на неколку веб страници.

Според FACT за ваквото кршење на законот може да се добие и казна затвор од 5 години, а британските медиуми потсетуваат дека во 2017 година, извесен Крег Фостер на Facebook го емитувал преносот од мечот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко и на неговиот профил во еден момент имало 4000 посетители кои бесплатно го следеле овој дуел.

За овој прекршок Фостер заработил казна од 85.000 фунти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе