Македонија

Граѓанскиот сектор бара избор на стручни и непартиски членови на комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Единствено со избор на стручни, професионални и непартиски членови на комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права во државата, порачаа претставниците на граѓанскиот сектор на денешната јавна дебата, организирана од Здружението ЕСЕ.

Собранието мора да избере независни и професионални членови на КСЗД. Независноста на институцијата е клучен предуслов за унапредување на заштитата и спречувањето на дискриминацијата.

Затоа при изборот пратениците мора да се водат од објективни и законски критериуми, а не од меѓупартиски договори, реагираат од граѓанскиот сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

1078 домашни и 770 странски набљудувачи ќе ги следат изборите во среда

Дејан Дејан

Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на рамнотежа на геополитичката волја и заслугите на кандидатите

Дејан Дејан

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе