Вести Македонија Топ вести

Aерозагадувањето ја влошува состојбата со Ковид 19

Во континуитет граѓаните дишат загаден воздух и ретки се тие денови кога ПМ10 честичките се во границите на дозволенето. Зимскиот период е посебно алармантен, сметаат екологистите. Сите треба да бидеме свесни за ова со уште поголемо внимание кога тоа загадување се случува во време на пандемија и надлежните институции треба да го предводат тој процес, смета Георгиевска.

Во моментов тоа што го имаме во Карпош е малку почист воздух, меѓутоа на другите места вредностите се се уште над дозволените. Меѓутоа оние граници кои што требаше да ги имаме само 35 дена годишно над границите одамна се поминати и ние постојано живееме во загаден воздух. Сега се радуваме дека вредностите не се над 100 меѓутоа тоа се веќе сериозно високи вредности за кои треба постојано да се алармира да се намалуваат, вели Невена Георгиевска , О2 Иницијатива

Во дадениов миг не можеме да зборуваме само за еден загадувач, само индустриите или само домаќинствата и на волку големи вредности мора да се делува паралелно на сите извори на загадување, смета Георгиевска.

Градежништвото би го споменала, неплански се гради. По она што го гледам и кога има ветар што не спасува, не може да дојде до одредени делови на градот. Токму поради тоа што неплански се гради и се спречува тоа струење на воздухот.  Исто така имаме и отворени депонии каде постојано се гори се и сешто, значи не се само оние ПМ10 и ПМ 2, 5 честички што ги знаеме дека загадуваат туку има и други супстанци кои се исто така канцерогени и кои постојано се чувствуваат во воздухот, дури и во летниот период, вели Георгиевска. 

Во меѓувреме голем број релевантни научни истражувања говорат за поврзаност меѓу Ковид 19 и загадениот воздух, бидејќи се респираторни и фокусирани кон белодробниот систем.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе