Вести Свет Топ вести

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата од Тексас во врска со изборите

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата поднесена од Тексас и поддржана од претседателот Доналд Трамп со која се бара поништување на изборните резултати во четири држави.

Со тужбата, поднесена до Врховниот суд, се бара на Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин да им се забрани да даваат изборни гласови на демократскиот противкандидат на Трамп, Џо Бајден.

Судот во кратка непотпишана наредба соопшти дека Тексас не покажал „правно препознатлив интерес за начинот на кој друга држава ги спроведува своите избори“.

Тужбата, поднесена од Тексас, ги оспорува изборните процедури во четири клучни држави – Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. Тужбата ја поднесоа обвинители од 18 сојузни држави, а беше поддржана од 106 републикански членови на Конгресот.

Сепак, со оваа одлука се отвора патот на членовите не електоралниот колеџ да се состанат во понеделник. Во тој момент, вратата за тужбите на Трамп за изборниот резултат се затвора. Последен обид на Трамп и дел од неговите поддржувачи да ја оспорат победата на бајден останува во Конгресот во јануари, но овие политички маневри се осудени на неуспех, сметаат аналитичарите.

Бајден освои 306 електорални гласови наспроти 232 на Трамп, и со тоа е избран претседател. Со седум милиони гласови повеќе, од страна на избирачите, Бајден исто така ја освојува победата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе