Код Македонија

КОД -Маките на позитивните ковид пациенти низ лавиринтот на здравствениот систем

Во амбулантата на велешката Итна помош се качи бремена родилка, позитивна на Ковид 19. И
беше организиран транспорт до скопската Гинекологија. Додека траеше подготовката на
тарнспортот на тесниот приод пред болницата, обезбедувањето и двајца полицајци одржуваа ред
и ги опоменува останатите пациенти и посетители дека е ризичен преминот покрај возилото.
Родилката тргна кон главниот град, но и десетици други велешани, заразени со ковид се свртени
кон Скопје- каде испраќале крв на анализа за димери. Велешката болничка лабораторија не
можела да го покрие ноемвриската корона експлозија и поради недостаток на реагенси.

Анализа на димери треба да покаже дали се покачува нивото на опасните тромбови во крвта, а
таа состојба е карактеристична за прележани или активни ковид пациенти.

Еден велешанец ни објасни како морал да се тестира, крвта за испитување на димери се зема во
посебни епрувети кои морал да ги најде преку врски, потоа замолувал матичен или лекар од
здравствениот дом да му земе крв дома, и со такси или преку пријатели го праќал во Скопје на
приватна лабораторија за да се тестира. Ова ни го потврдија и во здравствениот дом.

Државните резерви ги проголта огромниот ноемвриски ковид бран, но залихи останаа во
приватни лаборатории.

Лилија Дервишова која е и претседател на здружението на матични лекари објаснува дека барале
фондот да искреира упат за крвна анализа на ковид пациенти кои ќе содржат покрај редовната
анализа и проверка на ЦРП и димери. Немало реакција, но сега такви анализи, три во едно прави
скопска приватна лабораторија.

Болничката лабораторија по неколку недели проблеми, сега е снабдена со реагенси, има
поголеми нарачки за во иднина иако ковидот е енигма и може повторно да букне иако во оваа
недела велешките здравствени лица видоа стабилизација на бројките и стабилизација на
лабораториските услуги.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Седум јавни расправи во Управниот суд ќе се разгледуваат тужбите на „Европски фронт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе