Вести Македонија

Повеќе од 1,5 месец трае борбата за живот кај некои пациенти со Ковид-19

Пациенти во ковид центрите во земјава се борат за живот во болничките кревети и повеќе од  од 40 денови. Зошто некои поминуваат полесно, а зошто некои повеќе и од 1,5 месец се на работ меѓу животот и смртта – медицинската наука се уште ги нема сите објаснувања. Од министерството за здравство велат во тек се анализи. Но дури по завршувањето на пандемијата, ќе се носат заклучоци по сите параметри. Инфектолозите сведочат дека состојбата кај некои пациенти се влошува преку ноќ. Имало и такви кои биле на чекор пред испишување од болница, па настанале други компликации. Највозрасниот  пациент на инфективната клиника во Скопје има 96 години. А тој кој најдолго е таму под докторски надзор престојува 6 недели.

„Обично просекот на хоспитализација на пациенти со Ковид е 14 денови, но во зависност од тоа дали има компликации пациентите можат да останат во клиниката и над 4 недели. Кај нас се хоспитализирани пациентите во потешка форма. Највозрасениот пациент има 96 години, а најдолгата хоспитализација е 6 недели. Станува збор за пациент на средовечна возраст кај кој имаше многу тешка форма и компликации – Илир Демири, инфектолог на Инфективната клиника во Скопје.

Министерот Филипче вели вирусот е непредвидлив и се уште медицинската наука ги нема сите објаснувања. Комликациите се најчестата причина за пациентите да бидат задржани во болници и повеќе од 1,5 месец.

Бројките пак на министерството за здравство покажуваат дека во изминатото деноноќие  1.248 пациенти се хоспитализирани во инфективните оддели во земјава. 811 во болниџите во внатрешноста, а 437 во ковид центрите во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми и наплив на пациенти во последните десетина дена, од здравство велат дека  има околку 175 празни болнички кревети.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе