Вести Македонија

Седми ден кризна состојба – отворено ново ковид – одделение, се уште се подготвува и стара „Систина“

Ковид пациенти од денеска ќе почне да прима и клиниката за уво, нос и грло . Ќе може да се да се сместат 50 пациенти.Само во последните 24часа, во Ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти, а близу 500 сомнителни и потврденина вирусот се лекуваат на Инфективните оддели низ земјава.

Дури половина од пациентите на кои им треба болничко  лекување вчера биле примени на Интерните Клиники. 11 се хопиталзиирани во 8ми септемвир и и 10 на Инфективна. Бројот на луѓе кои поради корона завршија в болница , надмина 1.300, според последните податоци на министерство за здравство слободни има уште околу 130 болнички легла, бидејќи во текот на денот постојано се примаат , но и се пуштаат дома оздравени пациенти.

Доколку, има потреба , велат од здравство и хиругија ќе почне да прима ковид – болни, иако до сега оние кои биле дојдени таму на операција , а во меѓувреме се заразиле, биле лекувани таму , и не ги праќале во инфективните одделнија. Како дополнителен болнички капацитет на готовс е и стара Сиситина , иили по ново хотел Ибис , во кој ќе можат да се примат 100 пациенти. . Се чекаат дозволи за инсталација на кислород и правно уредување на болницата. Од општина Карпош за Телма велат дека се уште немаат добиено официјално барање од „Аџибадем Систина “ , но и дека се во постојана комуикација со Министерството за транспорт ки врски кое е едно од институциите кои даваат дозволи за поставување на боци.

Приоритет на Општина Карпош е заштита на јавното здравје, но и грижа за сигурноста и безбедноста на околното население. Во овој дел од општината, постојат голем број на воспитно – образовни установи, студентски дом, индивидуални куќи и згради, со што начинот на поставување на боците, нивната локација и одржување мора да ја гарантира безбедноста на сите околни жители.

А , инаку на 7миот ден од прогласена кризна состојба , институциите утрово се координираат каде во кои болници и колку војници ќе дојдат на помош за да обезбедуваат.

Кризната состојба беше прогласена предходниот петок, а ќе заврши на 19-ти декември. Со тоа армијата може да помага со воени медицински екипи, со тимови за дезинфекција, собезбедување на болниците и со инжинериска помош за изградба на подвижни капацитети за прием, како шатори или времени објекти.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе