Вести Македонија Најважни

За една недела од КОВИД 19 починале 204 пациенти

За една недела бројот на заразени од Ковид 19 во земјава е зголемен за 1,8 проценти, а бројот на починати за 18,6 отсто. Институтот за јавно здравје во својот неделен извештај од 16 до 22 ноември јавува дека во овој период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, најмногу се лица над 60 години.

Во лабораториите направени се 19.664 тестови, што е за 6,3 отсто помалку споредбено со неделата претходно.

Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 43,5 отсто. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 години, од 30 до 39 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години. Од позитивните случаи над 50 проценти се мажи, но и жените не заостануваат многу, со 48,4  отсто.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 476 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во ковид – центарот во „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 приеми во текот на вчерашниот ден. Дома се пуштени 19 оздравени пациенти.  Во „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациенти, од кои 10 деца и 21 возрасен. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 20-тина слободни места. Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе