Вести Македонија Најважни

Војници и полицајци пред Ковид центрите, се брза и со новото инфективно во „Мала Богородица“

Воспоставување ред и дисциплинирање на граѓаните. Ова се причините управувачкиот комитет да побара од владата 295 војници и 150 полицајци да се распоредат пред болниците и Ковид центрите.  Без пушки, придружувани од полицајци, армијата ќе помага ,а министерството за здравство ќе ги распоредува. Управувачкиот комитет предложил, владата владата одлучува, а последната одлука треба да ја донесе врховниот комаднат, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Забрзано се опремува и новото инфективно одделение за болни од Ковид „Мала Богородица во трговскиот центар „Олимпико“ откако главниот штаб побара, а приватние клиники се обврзаа да го опремат. Аџибадем Систина и Жан Митрев клиниката заедно со уште десетина приватни болници вложувааат околу 600 илајди евра и над 60 вработени лекари ,сестри и технички персонал. Се чекаат дозволи за инсталација на кислород и правно уредување на болницата. Министерството ќе кажува кој пациент каде ќе се лекува. Најтешките остануваат во ГОБ 8 сптември и Инфективна клиника.

За еден пациент приватните клиники ќе добиваат 100 евра надоместок од државата на ден, а според нивните проценки лекување чини над 500 евра за еден ден, за лекови, кислород, храна, тестирања и друга медицинска опрема. Разликата ќе падне на трошок на привните клиники, според големината на субјектот и надоместокот кој го добиваат од фондот за здравство. Договорот меѓу државата и приватниците следи откако се скусија болничките легла на државно. На двете главни клиники за Квоид има уште 20 слбодни кревети или стотина во цела држава. Повеќе од 1300 пациенти се борат со ковидот во болнички услови, а скоро половина во Скопје, или најтешките случаи. Процнетот на заболени е со благ раст од измиантата недела, но затоа смртонсота на пациентите е драстично згоолемена во зимиантата недела.

„Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години.“

Според, инфектологот Каламарис, смртноста расте бидејќи освен спорадичните заболувања, пациентите доаѓаат доцна и со лоша клиничка слика, но посотјат и други фактори кои лекарите ги откриле за време пандемијата.

Пандемиајта не стивнува, прцнетот на заразени од тестирани и мината недлеа се задржал на високи 38 проценти. Половина од заболените се од Скопје.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе