Македонија

Мета во посета на Дебар ,,Билатералните односи на Македонија и Албанија се мошне добри,, 

Верувам дека РС Македонија ке го надмине проблемот со Бугарија и тоа  по пат на демокарски дијалог и  многу брзо ке ги  започне преговорите за членоство во ЕУ.

Македонија во своите демократски процеси имаше позитивна  политика позитивни демократски  прцеси затоа е многу блиску до ЕУ . Оваа денеска во Дебар го изјави албанскиот претседател Илир Мета  и притоа додаде дека  позицијата на Албанија  за почеток на преговорите во споредба со РС Македонија и поинаква и таа треба да стори повеке ,рече Мета.

Албанскиопт прертседатѕел кој денесдка е вои посета на Дебар и ке учествува на Акедомнијата посветена на 111 годишнина од Дебарскиот конгрес  ја изнесе оценката дека  ,, и за двете соседи нема друг пат патот интеграцијата во  ЕУ.

Мета односите на билатерален план помеѓу Скопје и Тирана ги оцени како  мошне добри, но додека дека има можност тие да се продлабочуваат. На поздравниот збор што албанскиот претседател  го имаше  пред членовите на Советот на Дебар каде рече  дека многу е горд што денеска за прв пат како претседател на Албанија престојува во Дебар и ке учествува на Академијата посветена 111 годишмнината на Дебарскиот конгрес за кој нагласи дека е од историско значење за албанскиот народ . Тој потенцираше дека ,,Дебар има дадено многу низ историјата на албанскиот народ  во целина,,.

Албанскиот претседател Мета придружуван од страна на градоначалникот Хекуран Дука , ги посети Новата дебарскла џамија и Манастирот Свети Јован Бигорски.

Попладне ке се одржи Академијата по повод 111 годишнината од Дебараскиот конгрес на која се очекува да присуствуваат и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Кенан Мимидиноски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Дејан Дејан

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Дејан Дејан

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе