Вести Македонија Најважни

Се очекува прогласување кризна состојба

Полициски час од 17 или од 18 часот, дополнителни ограничувања во движењето и собирањето на граѓаните или во работењето на економските оператори. Вакви мерки треба да се очекуваат во наредните денови, заради подобро справување со здравстената криза. Но, заради подобро функционирање на институциите, како и заради поголема вклученост на армиските потенцијали, веројатно ќе биде прогласена кризна состојба на целата територија. Ова прашање треба да биде отворено на утрешната седница на Советот за безбедност, на која, покрај редовните членови, е поканет и министерот Венко Филипче. Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека  ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата од Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

Од Владата велат дека на вчерашната седница, не е донесен заклучок за кризна состојба. Но, подготвени се за воведување  нови мерки до крајот на неделата.

Ова би било прв пат да имаме кризна состојба на целата територија на државата. Адвокатот Глигор Ќатоски, кој направи споредба меѓу кризна и вонредна состојба, вели дека Владата сега нема да има право да носи уредби со законска сила. Голем број надлежности ќе добие Центарот за управување со кризи, во чии капацитети, за жал, многу малку е вложувано изминативе години.

При првиот корона-бран, во услови на распуштено Собрание, претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба. За повторно воведување, неопходни се гласовите на 80 пратеници. Кризната состојба во траење од 30 дена може да ја прогласи Владата, а за подолг период, повторно треба да одлучува Собранието. Земјата има искуство со кризна состојба на одредена територија, како што беше во Дебар при појавата на првите пациенти со ковид или како што е повеќегодишната на јужната граница поради мигрантскиот бран.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.5 милијарди евра

Дејан Дејан

ПССЕ со оценка: Предизборниот период стабилен очекуваме мирни избори според демократските стандарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе