Македонија Топ вести

Смртноста од Ковид зголемена за 41%

Во последната недела од Ковид 19 починале 127 луѓе што е за 41,1% повеќе во однос на претходната недела.94 лица биле на возраст над 60 години, 19 од починатите имале од 50 до 59 години,  9 од 40 до 49 години, 4-ца  биле на возраст од 30 до 39 години и едно лице од 20 до 29 години.Зголемен е и бројот на заразени за 25,5%..Регистрирани се  7280 нови случаи од 35 градови.Најмногу заразени има во Скопје.Веднаш зад него се Тетово,Куманово,Штип и Прилеп.Најзастапена е возрасната група над 60 години, а веднаш зад нив се луѓето меѓу 30 и 49 години.  Државниот здраствен и санитарен инспекторат ќе прави вонредни инспекциски надзори за зголемената смртност следејќи го патот на лекување на одредени пациенти почнувајќи од матичниот лекар до институцијата каде што настапила смртта.

Државниот здраствен и санитарен инспекторат до овој момент нема регистрирано внатрешна трансмисија на корона вирус внатре во училиштата и градинките.

Се засилуваат и инспекциските контроли .Пазарниот инспекторат затворил еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за разбота а поднесени се и две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 ноември.

Во последната недела направени се вкупно 5503 контроли од страна на 6 инспекциски служби.Издадени се 6 решенија за констатирани неправилности а здраствените инспектори издале 11 523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и на оние кои биле во контакт со заболено лице.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Топ Тема – Дали „Безбеден град“ ги дава првите резултати: Сообраќајните незгоди намалени до 26%, брзината останува најголем „убиец“ на патиштата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе