Кошарка Спорт

Партизан и Филиповски постигнаа договор

Кошаркарскиот клуб Партизан денеска и официјално потврди дека Сашо Филиповски ќе го преземе водењето на  екипата и на клупата на белградскиот тим ќе го замени Владо Шќепановиќ.

Четириесет и шест годишниот тренер во моментов беше без ангажман откако на крајот од минатата сезона ја прекина соработката со Монако, а претходно седеше на клупата на Банвит, Зелјона Гора, Унион Олимпија, Лотоматика, Ростов, Туров, а во еден период беше и дел од стручниот штаб на московска ЦСКА.

Се очекува Филиповски на клупата на Партизан да дебитирана мечот од АБА лигата против Задар или евентуално следната среда на дуелот од Еврокупот со Венеција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе