Спорт Формула 1

Саудиска Арабија домаќин на Ф1 трка

Од следната сезона една од трките во формула 1 шампионатот ќе се вози во Саудиска Арабија.

Иако се уште не потврден календарот на следната година организаторот на трката најави дека таа ќе се одржи во ноември и ќе се вози во вториот град по големина во Џеда.

“Саудиска Арабија забрзано чекори кон вистински центар за спорт и забава. Во последниве години во земјата се организирани голем број на спортски настани и навистина сме среќни што во следната сезона во Саудиска Арабија ќе се одржи една трка од шампионатот”, изјави првиот човек на Ф1, Чејс Кери.

Саудиска Арабија по Бахреин и Абу Даби ќе биде третата земја од Блискиот исток што ќе биде домаќин на најдобрите возачи во формула 1.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе