Спорт

Познати финалистите за атлетичар на годината

Светскиот рекордер во скок со стап Арман Дуплантис е еден од финалистите за освојување на наградата за најдобар атлетичар за 2020 година.

Најголем конкурент на Швеѓанецот за освојување на престижното признание ќе му биде Џошуа Чептеги од Уганда кој во скратеното издание на сезоната постави нови светски рекорди на пет и десет илјади метри кои беа сопственост на Кенениса Бекеле.

Меѓу номинираните се уште Американецот, Донован Бразиер кој настапува на 800 метри, Кениецот, Тимоти Чериот, американскиот натпреварувач во фрлање ѓуле, Рајан Крузер, светскиот првак во полумаратон Џејкоб Киплимо од Уганда, спринтерот од САД, Ноа Лајлс, фрлачот на диск Даниел Штал од Шведска, Норвежанецот, Карстен Вархолм и Германецот Јоханес Фетер.

Победникот ќе биде познат на петти декември, а за утре се очекува да бидат објавени и имињата на финалистките во женска конкуренција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе