Македонија

Повеќе од 200 семјества над една годинаа чекаат да се вселат во зграда

Граѓаните кои денеска излегоа на протест, велат дека ова реченица неколку години ја слушаат 240 семејства. Целата своја заштеда ја дале да купат стан, некои од нив земале и станбен кредит, па сега плаќаат и кредит и кирија. Меѓу нив е и семејството Скорниеви. Тие  станот го исплатиле, но како што тврдат клуч на рака за да се вселат заедно со своето дете, се уште не добиле.

Слична приказна ни раскажа и Киро Иванов. Неговата ќерка потпишалa преддоговор а требала да биде вселена лани.

Телма стапи во контакт со инвеститорот кој ја гради зградата во близина на стадионот во Ѓорче Петров. Во кус разговор ни објасни дека зградата е готова, наредна недела ќе се мести струјата. Темелите на објектот биле поставени 2017-та, а рокот за да завршат со градење бил 3 години. А , се доцни поради проблеми со гаражите и подрумските поростории и корона пандемијата. Тој додава и дека за околу 2 месеци луѓето кои купиле стан ќе можат да се вселат. До нашата редакцијата стигна и допис од фирмата.

Ве информираме дека предметната зграда е во подготовка за вршење на технички преглед на истата, Воедно, би сакале да укажеме и дека сите лица со кои што нашата компанија има склучено преддоговори за купопродажба на станови во предметната зграда, во случај на незадоволство, имаат право да ги раскинат преддоговорите, при што во целост ќе им бидат вратени уплатените парични средства на име купопродажна цена и истовремено да ги остваруваат своите права во судска постапка, велат од мулти офис дооел скопје.

Од општина Ѓорче Петров велат дека се уште немаат дадено одобрение за градење на последната – трета фаза.

Во овој момент актуелното барање за одобрение за градење на фаза три се приведува при крај, односно после платените комуналии и склучени договори со град Скопје и општина Ѓорче Петров, следува изработка на одобрение за градење и информирање на соседи, по што Одобрението станува правосилно, а со тоа ќе може да се изврши и впишување на објектот во катастарот на недвижности, соопштуваат од општината.

И денеска мајстори работеа на зградата, но луѓето кои купиле стан велат дека машините и алатати кои работат деноноќно, не им дават сигурност дека во скоро време добијат нов дом.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пандовски во Вин-Вин: Македонија во регионот се наоаѓа на трето место одоздола според индексот на перцепција за корупција

Дејан Дејан

НМСМ ќе реализира сесии за кариерно советување во секое средно училиште

Дејан Дејан

МЦМС: Речиси 60 отсто од граѓаните сметаат дека безбедноста во земјата е загрозена според анкетата од 2024 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе