Македонија Најважни

Адеми за Телма: Се подготвуваме за комбиниран метод на настава

Министерството за образование и наука  во моментов ги собира податоците колку дадениот модел комбинирана настава со онлајн може да функционира. Сепак ваквите модели треба дополнително да се разгледаат и да се види што е најдобро за да се кристализираат некои прашања и дилеми, смета министерот Адеми.

На пример од прво до трето имаме голем број ученици во одредени паралелки, треба да се поделат на групи и да се почитуваат протоколите кои веќе се подготвени од страна на МОН. Па потоа треба да се види што значи мал број ученици и во други општини. Мислиме тука на други ученици од четврто до деветто одделение или за средните училишта каде што има мал број ученици – Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Со свои предлози и забелешки се и раководните луѓе на средните училишта.

Сметам дека она што Kризниот штаб го даде како предлог за помалите да одат до трето одделение, сметам дека и учениците од прва година би можеле да одат на таква редуцирана настава, односно наставата да се спроведува онлајн, а по шест или седум ученици во клас може да доаѓаат затоа што сепак тоа се ученици во прва година кои треба да го запознаат училиштето и да се запознаат со професорите и на тој начин барем еднаш секој ученик да присуствува на настава – Митко Димовски , директор на СУГС  Гимназија „Орце Николов“.

Мора да се донесат законски мерки кои ќе го регулираат сето ова, смета Димовски.

Сметам дека овој модел би бил најпролагодлив затоа што со физичко присуство со конкретно физичко присуство без оглед дали е редуцирано или не, ние поголемите училишта навистина би влегле во голем проблем. Сигурно некој ученик, некое дете ќе пројави симптоми и тоа би значело веќе затворање на училиштето и одење во карантин – Митко Димовски, директор на СУГС Гимназија „Орце Николов“.

Во најголем дел училиштата ги исполнуваат условие, МОН ги има точните бројки на сите ученици по општини и во одредени меѓу кои се Чаир и Аеродром и училишта во Куманово и Тетово. Сепак  потребно е да се допрецизира што значи мал број ученици, смета Адеми.

Во меѓувреме Бирото за развој на образованието ги демантира наводите дека вработените се на колективен одмор и во допис до медиумите тврдат дека во континуитет работат на наставните планови.  Советниците во Бирото за развој годинава и не користат годишен одмор. Законски имаат решенија за користење на годишен одмор од 10 работни дена, но и покрај тоа тие се ангажирани и работат од дома, се вели во дописот на Бирото за развој на образование. Министерот Адеми вели дека нема сознанија за таков колективен одмор.

Денеска сме недела, навистина треба да се постави прашањето до директорот бидејќи тој одлучува дали се на одмор или не. Јас да ви кажам искрено во овој момент не знам дали се или не се на колективен одмор. Така што останува утре да проверувам од моја страна, а за нивниот одмор одлучува директорот – Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Сепак за било кој модел за организирање на наставата во основните и средните училишта потребни се законски измени кои се поврзани со политичката ситуација, поточно функционалноста на Собранието, смета Адеми.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Дејан Дејан

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе