Кошарка Спорт

Победа на Портланд во дуелот со Филаделфија

Портланд ја совлада Филаделфија и ги задржа шансите за пласман во разигрувањето за титулата. Големо изненадување направи Бруклин кој славеше во дуелот против Лос Анџелес Клиперс.

Портланд славеше над забележа победа над Филаделфија со 124:121 и остана во трката за освојување на осмото место на Западот.

Демијан Лилард мечот го заврши со 51 поен, седум асистенции и три скока, Кармело Ентони забележа 20 поени и седум освоени топки под обрачите, а Си Џеј МекКалум беше стрелец на 16 поени.

На спротивната страна Џош Ричардсон имаше учинок од 34 поени и шест додавања. Бруклин триумфираше над второпласираниот тим на Истокот, Лос Анџелес Клиперс со 129:120.

Керис ЛаВерт имаше учинок од 27 поени и 13 асистенции, Џо Херис постигна 25, а Тајлер Џонсон додаде 21 поен.

Во редовите на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард имаше 39 поени и шест додавања.

Во останатите мечеви: Хјустон – Сакраменто 129:112, Бостон – Орландо 122:119 и Сан Антонио – Њу Орлеанс 122:113.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе