Најважни Свет

Антивладини протести по експлозијата во Бејрут

Демонстрантите во Бејрут се судрија со полицијата на антивладините протести по катастрофалната експлозија на пристаништето. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои ја обвинуваат владата дека нејзината неспособност доведе до експлозиајта во која загинаа 137 лица а речиси 5.000 беа повредени. Ескоплозијата уништи добар дел од градот а според проценките околу 300.000 лица останале без своите домови.

Потрагата по преживеани се уште продолжува но надежта дека ќе бидат пронајдени е се помала. Болничките капацитети, кои од претходно беа оптоварени поради пандемијата со коронавирусот, не можат да им ја пружат потребната медицинска помош на повредените.

По барање на Интерпол, кипарската полиција го пронашла и го сослушала 43-годишниот Русин, поранешен сопственик на бродската компанија, чив брод бил запленет заедно со товарот од амониум нитрат, објавија медиумите од островот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж во САД ја убил сопругата и неговите три деца, па потоа се самоубил

Дејан Дејан

Гласањето се одвива непречено, со помали задоцнувања на одредени избирачки места поради технички проблеми

Дејан Дејан

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе