Вести Македонија Најважни

22 -годишен скопјанец со Даунов синдром, жртва на Ковид 19

22- годишен пациент е најмладиот меѓу денешните шестмина починати од Ковид 19. Се работи за лице од Скопје кое имало Даунов синдром, а се лекувало во Градската болница „8 септември“. Според информациите од Министерството за здравство, во болницата бил примен на 16- ти јули, но во тешка состојба.

Меѓу починатите има уште двајца пациенти од Скопје на 64 и 83 години, еден починат е од Куманово на 72- годишна возраст, а починати се и пациент од Струга на 48 години и од Охрид на 75 години. Петмина од жртвите на корона вирус починале во болница, додека еден од нив бил на домашно лекување.

Инаку Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани нови 113 случаи од направени 1543 тестирања. Но забележливо е тоа што нивниот број е двојно помал од оние кои се оздравени за само едно деноноќие, а тоа се 259 оздравени.

Меѓу новозаболените од корона вирус најголем дел се од Скопје и од Штип односно по 35 и 23. По нив слледуваат Гостивар со 15, Куманово-12, Битола 7, Охрид-6, Тетово-5, и по еден или двајца во останати градови.  Скопје и Штип исто така имаат и најмногу оздравени, 103 и 75. Од Тетово се 31 оздравен, а од Куманово 13.

Со ова, бројот на активни случаи се намалува, па така во моментов има 3.402 активни случаи што е за 150 помалку од вчера.

Од она што може да се види од статистиката на здравство, паѓа и бројот на хоспитализирани пациенти, па така на Инфективната клиника се 83, во ГОБ „8 -ми септември“ 78 во Козле 21, а по болниците низ земјава уште 200 пациенти.

За разлика од претходно, сега е многу мал и бројот на пациенти кои се ставени на респираторна машина, а тоа се тројца.

 

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе