Американската професионална бејзбол лига има се поголеми проблеми со ширењето на вирусот меѓу играчите. Дуелот меѓу Милвоки и Сент Луис повторно е одложен и ова е вкупно 17-то поместување на термините во последниве десетина дена.
Првиот нат мечот беше одложен откако двајца играчи на Сент Луис беа позитивни на Ковид 19, а новото одлуката за новото одлагање е донесена по веста за дополни три позитивни резултати. Овој пат позитивни тестови има кај еден играч и двајца членови на помошниот персонал.
Неофицијално по последните настани, челниците на лигата сериозно размислуваат за дефинитивно прекинување на сезоната што ќе биде голем удар за американскиот спорт.
