Македонија Топ вести

Усеини за Телма: Сам ја уривам бетонската база, општината да ни даде нова локација  

Нефи Усеини, советникот во општина Охрид од редовите на ДУИ, започна да ја руши бетонската база која ја имаше поставено без одобрение на охридското крајбрежје. Усеини за Телма вели дека веќе една година чувствувал голем товар бидејќи непотребно бил обвинуван дека е главен виновник за тоа што постоеше опасност Охридскиот регион да го изгуби статустот на УНЕСКО.

Од општина Охрид и градоначалникот Георгиевски – барам да се изнајде решение и конечно да се излезе во пресрет на нашето и барањето на останатите бетонски бази  кои се нелегално поставени и без соодветна документација и одобренија за обезбедување на соодветни локации каде ќе може да проодолжиме да ја извршуваме оваа дејност, вели за Телма Усеини.

Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.

Во Охрид изминатите денови се рушеа неколку дивоизградени објекти како последен обид градот да го задржо статусот во УНЕСКО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК-Веб сајт: Излезност до 17 часот- 42,38%, 7% повеќе од 2019-та, најголема излезност има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто или девет отсто повеќе од претседателските избори во 2019 година

Дејан Дејан

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе