Ковид19 Македонија Најважни

Излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот

Во градската болницата Осми септември излекуван пацинет кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот. Ова е 6 ти познат случај во светот каде Ковид-19 предизвикал ваква клиничка слика, велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Во 8 ми септември последнотот деноноќие биле примени 9 пациенти а пуштени дома 10. Докоторите се оптимисти дека ќе продолжи треднот на повеќе оздравени од новозаболени.

Со брза помош и со количка,  20 годишен пациент позитивен на Kовид-19 пред околу две недели бил донесен од Клиниката за неврологија во ГОБ 8ми септември со симптоми налик на мозочен удар. Докторите ги направиле сите испитувања и откриле дека всушност станува збор за воспаление на мозокот енцефалит. Од респираторниот тракт, вирусот Ковид-19 преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клинчичка слика, објаснува д-р Илија Здравков. Докторите, сестрите и медицнскиот персонал се среќни што денеска го испратиле дома оздравен и  со насмевки.

Младиот човек со редок случај на ковид 19 кој предизвикал тешко воспаление на мозок го лекувале 14 дена, а црпеле искуства од малкуте вакви случаи низ светот.

Ова е убава вест меѓу медицинските работници во болницата кои со месеци секојдневно водат битки со Kовид-19 и се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Ноќеска биле примени 9 нови пациенти со пневмонии а 10 оздравеле.

Во градската болница има 118 пацинети, 81 позитивен на Ковид-19, 15 сомнителни и 21 негативен на корона вирусот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе