Формула 1

Рено го потврди Алонсо за 2021

Фернандо Алонсо следната сезона ќе се врати во Формула 1 со тимот на Рено.Францускиот производител истакна дека 38-годишниот Шпанец  ќе го замени Даниел Рикардо, кој му се придружува на Мекларен од следната година.Алонсо има две светски титули што ги освои со  Рено во 2005 и 2006  година.Тој го  напушти Мекларен и Ф1 на крајот на 2018 година и се фокусираше  на освојување на тројната круна на моторспортот.Откако веќе ја освои Гран При на Монако, Алонсо победи на трката за издржливост на 24 часа на Ле Ман, но не и на Индијанаполис 500.Шпанецот со 314 Гран при трки, 32 победи и 97 подиуми ќе биде клупски колега  со 23-годишниот француски возач Естебан Окон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Норис на пол-позицијата за спринт трката во Кина

Дејан Дејан

Ред Бул потврди: Разговараме со Сајнц за 2025, но тој има друга огромна понуда

Дејан Дејан

Четири од четири за Макс Ферстапен: Пол-позиција за за ГН на Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе