Македонија

Теарце десетина дена без вода за пиење

Десетина дена жителите на тетовско Теарце имаат недостаток на вода за пиење. Најпогодени се семејствата во горниот дел од селото кои мора да се снаоѓаат со правење залихи. Инаку, општина Теарце е едно од жариштата на коронавирусот, каде од почетокот на пандемијата се регистрирани 66 случаи со Ковид 19, така што овој проблем дополнително ја отежнува ситуацијата во која задолжително е одржувањето хигиена.

Жителите на тетовското село Теарце се соочуваат со недостаток на вода за пиење. По поплавите кои го зафатија овој регион на 23 минатиот месец, воведени се рестрикции во водоснабдувањето, така што најпогодени се семејствата кои живеат во горниот дел од селото. Тие мора да полнат шишиња за да имаат вода за пиење, бидејќи кај нив притосокот на водата е најмал.

Недостатокот од вода уште повеќе ја усложнува и онака тешката ситуација, бидејќи Општина Теарце е на третото место во тетовскиот регион по бројот на заразени, со 66 случаи со ковид 19, по општина Боговиње, каде има 84 и општина Тетово со 414 случаи. Помалку случаи има во општините Желино- 55, Јегуновце -49 и Брвеница 46

Од Јавното претпријатие Хигиена велат дека е намален капацитетот на водата во периодот од 8 до 18 часот поради чистење на коритото на реката Бистрица.

Инаку Теарце минатата година имаше проблем со загадување на водата за пиење. Притоа над 300 лица завршија во селската амбуланта со симптоми н труење.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе