Топ вести

Анкета на „Телма“ – СДСМ со водство пред ВМРО – ДПМНЕ од 1,6 проценти

телма Анкета

Анкетата на Телма, ИЦДС „Социетас Цивилис“ и „М – Проспект“ – која ја објавуваме на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 % од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти,  За ДУИ се определиле 6,4 %, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5%.

телма Анкета

ВМРО ДПМНЕ има предност од 3% само кај македонските гласачи, но на ниво на држава со гласовите на Албанците и другите етнички заедници коалицијата на СДСМ има предност од 1,6 процентни поени, што е скоро занемарлива и е во рамките на статистичката грешка на анкетата.

Анктеа телма 2

Анкетата е со статистичка грешка од 3,1 %, со ниво на доверба од 95% -изработена телефонски на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од 16 до 21 јуни годинава.

Детали, анализи и кростабулации за анктетата и предвидувањата на исходот на изборите вечерва во Топ Тема од 19 часот и 15 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Со само еден глас против, Села оди во коалиција со Ахмети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе