Вести Економија Топ вести

Србија воведе до 30 септември забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи

Владата на Србија донесе Регулатива со која се пропишува новата максимална малопродажна цена на млекото.

Па така млекото со 2,8 отсто млечна маст од денеска ќе чини 128,99 динари (односно 1,10 евра).

Српската владата го промени и профитот или маржата на производителот – максималната трговска маржа за сите видови млеко е намалена од 12 на 5 проценти.

До 30 септември е воведена забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи.

Во продавниците во Србија нема млеко или го има во многу помали количини. Тоа пред се се однесува на долготрајното млеко во пакување од еден литар и млечна маст 2,8 отсто.

Од Стопанската комора на Србија велат дека ова е краткорочно нарушување на пазарот и ги повикуваат граѓаните да купуваат колку што им треба, бидејќи доколку  не трупаат залихи снабдувањето е стабилно.

Претседателот Вучиќ во петокот на Самитот „Отворен Балкан“ којшто се одржа во Белград рече дека забраната за млекото и млечните производи нема да важи за Македонија и Албанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе