Вести Економија

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти

Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе чини  95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според РКЕ, за 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 95,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе биде 98 денари, екстра лесното масло ќе се продава по 94 денари, додека мазутот по 53,343 денари за килограм.

Со најновата Одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на Одлуката од 27 јули 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Трамп: „Ќе ја завршиме војната меѓу Русија и Украина“

Дејан Дејан

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе: 10 повредени, дел со тешки повреди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе