Вести Економија Најважни

Просечна сметка за парно од 1.800 денари од август ќе биде зголемена за 250 денари – парното поскапува за 14.18%

Скопјани ќе плаќаат за 14,18  поскапо парно. Цената на железарското се зголемува за 15, 5 отсто, а за  граѓаните приклучени  топланата Скопје Север над 16 проценти.  Овие цени важат од 1-ви август.  Првиот човек на РКЕ Бислимовски тврди дека поскапувањето е поради високата цена на гасот на светските берзи,  која  во споредба со лани е зголемена за 10 пати, а земјава е целосно зависна од увоз на овој енергенс.

Една просечна сметка од 1800 денари  тоа  значи згоелмен трошок од 250 денари, ако е сметката 2000 денари тоа е 2800 денари, вели Марко Бислимовски, претседател  на регуалторната комисија за енерегтика.

Се преговара  ТЕ-ТО да испорачува 70 %  од потребите на топлинска енергија, а остатокот да го обезбедуваат топланите. Ако  тоа не се случи, цената на парното би се зголемила за над 100 проценти. Сепак,  Бислимовски апелира до властите да се  обезбеди гас, и за загревање да не се користи мазутот.

Мазутот од ценовен аспект тука ќе биде нешто со оваа одлука, но од еколошки аспект во град кој е еколошки освестен ќе биде сериозен проблем, на крај тие пари кои ќе се заштедат со мазутот ќе се потрошат во онкологија за жалам, додадава Бислимовски.

Сепак од Владата велат дека  во случај да нема гас, топланите имаат можност да работат на алтернативно гориво.

Откако на БЕГ и беа одземени трите лиценци  до крајот на септември треба да се одлучи која ќе биде новата фирма што ќе ги грее скопјани.  Тендерот се уште не е објавен, но од Владата уверуваат дека граѓаните не треба да се  грижат, испораката на топлинска енерегија ќе почне на време.

Бислимосски апелира и до државните институции да штедат, затоа што секој степен намалување на температурата значи заштеда на енергија од 5 отсто.

Од почетокот на годинава парното  греење поскапе  за речиси 30 отсто, но од РКЕ велат ако не биле државните субвенции, зголемувањето ќе било и над 50 отсто.

Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе