Спорт Фудбал

Шаќири: Да ја потврдиме победата и на домашен терен

Фудбалерите на Шкендија се на чекор до пласман во третата рунда од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци во пресрет на реваншот во Скопје во соочувањето со Валмеира имаат предност од 2:1, а шефот на струката во Шкендија, Артим Шаќири потенцира дека триумфот од првиот меч треба да се потврди на арената Тодор Проески.

“Утрешниот меч со Валмиера го дочекуваме подготвени. Без разлика на резултатот од првиот меч кој го добивме ние максимално ќе влеземе и на реваншот. Почнуваме од 0:0 и нема теорија да се потпреме на тоа што се случуваше на првиот меч. Нема ништо лесно и ќе покажеме дека заслужено сме победиле на гостински терен. Да ја потврдиме победата и на домашен терен. Барам поддршка од навивачите. Сакаме да играме фудбал на секој натпревар. Шкендија е тим кој сака да игра и да дава голови. Ние ќе ја направиме нашата работа а на јавноста е да процени каков е нивото на Шкендија во моментов. Мора да се внимава на нивните напаѓачи. Многу се брзи на првиот меч не беа ефикасни. Ние играме утре на домашен терен, пред наша публика и бараме пласман понатаму”, изјави Шаќири.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе