22 луѓе загинаа во рускиот ракетен напад на украинскиот град Винициа. Меѓу убиените се и три деца, соопштија украинките власти. Повредени се над 90 луѓе, откако три руски ракети погодија зграда со канцеларии и оштетија неколку станбени згради.
Руското министерство за одбрана, кое негира дека напаѓа цивилни објекти, засега нема коментар за нападот. Од кабинетот на украинскиот претседател рекоа дека станува збор за крстосувачки ракети Калибр лансирани од подморница во Црното море. Градот винициа се наоѓа југо-западно од Киев, и е многу подалеку од центарот на борбите на истокот на земјата во Донбаскиот регион.
