Ракомет Спорт

Убедлив пораз на ракометарите од Шпанија на Медитеранските игри

Во третиот настап на Медитеранските игри, македонската машка ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз во дуелот против селекцијата на Шпанија.

Нашите ракометари добро го отворија мечот, но беа рамноправни само во првите десетина минути од првиот дел кога на момент на два пати имаа предност од 3:2 и 4:3.

Потоа Шпанците успеаа целосно да ја преземат контролата и беа во постојано водство и од минута во минута ја зголемуваа предноста за на одмор да заминат со резултат 14:8.

Во почетната фаза од второто полувреме Шпанија ја одржуваше разликата од седум до осум гола, а на половина од продолжението стигнаа и до двоцифрена предност која во еден момент стигна и до 11 гола.

На крајот Шпанците до вториот триумф во групата стигнаа со конечни 31:22.

Најефикасен во македонскиот тим со осум гола беше Мартин Серафимов, а по два пати прецизни беа Иван Џонов, Марко Митев и Костадин Петров.

Утре репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Турција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе