Калин Ивановски и Стефан Мицов се пласираа во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ турнирот во Скопје.
Македонските тенисери кои единствени останаа во битката за трофејот пласман во четвртфиналето обезбедија откако двојката од Австралија, Метју Ромиос и Брендон Вокин го предаде мечот уште во првиот сет.
Противници во полуфиналето ќе им биде победникот од мечот во кој се среќаваат вторите фаворите Хуан Пабло Паз од Аргентина и Бразилецот, Семуел Руџери и романско-молдавската комбинација Илја Снитари и Стефан Палоси.
ФОТО: Игор Паневски
